Слободен софтвер Македонија е непрофитна организација која се занимава со слободен софтвер и слободна култура во Р. Македонија. Слободен софтвер Македонија е посветена на промовирање на слободен софтвер и создавање на свест како за економскиот така и за социо-етичкиот контекст на слободниот софтвер, особено за земјите во развој, како што е и Република Македонија.
Слободен софтвер Македонија исто така неуморно работи на промовирање на слободна култура во услови кога општествениот и технолошкиот напредок овозможува сѐ поголем дел од човештвото да пристапува, создава, променува, објавува и дистрибуира различни видови на дела во дигитална форма.
| Отворена дискусија: Интернет апликации - развој, маркетинг и промоција | Сре Дек 17 2008 |
| Годишно собрание на Слободен софтвер Македонија 2009 | Саб Дек 13 2008 |
| E-Society.mk 2008, нашето гостување | Чет Дек 11 2008 |
| Правилник за раководење со проектор | Вто Ное 18 2008 |
| Ден на слободен софтвер | Пон Сеп 29 2008 |